ВТОРА ЛИГА: Пелистер со пресврт го победи Охрид, Беса го чува лидерското место

Пелистер со пресврт дојде до победа од 1-3 на гостувањето против Охрид во 10. коло од Втората македонска фудбалска лига, со што го задржа ритамот на врвот до водечката Беса која со 2-0 пред своите навивачи победи против Арсими.

Охрид имаше предност од 1-0 на дуелот против битолчани, но Пелистер со три гола во продолжението дојде до победата. Охриѓани од 74. минута играа и со фудбалер помалку.

Детонит Плачковица остана непоразена во Струмица ремизирајќи без голови со Беласица, а Осогово на домашен терен славеше против Кожуф со 3-2.

Тетекс, пак, без поголеми проблеми славеше со 2-0 против Скопје.

ВТОРА ЛИГА – 10. КОЛО
Тетекс – Скопје 2-0
Победа – Караорман 1-2
Осогово – Кожуф 3-2
Охрид – Пелистер 1-3
Беса – Арсими 2-0
Беласица – Детонит Плачковица 0-0
Башкими – Вардар Неготино 1-1
Новаци – Каменица Саса 1-0

Се вчитува...