ВТОРА ЛИГА: Пелистер убедлив со Арсими, Беса со пресврт подобра од Скопје

Фудбалерите на Беса, Пелистер и Детонит Плачковица убедливо се издвојуваат на водечките три позиции во Втората македонска фудбалска лига и по 24. коло од првенството.

Пелистер славеше убедлива победа против Арсими од 3-0 на домашен терен, со головите на Спиркоски и Христов во првото полувреме, и Наумоски во вториот дел.

Беса ја задржа предноста на врвот благодарение на победата пред своите навивачи од 2-1 против Скопје. Беса победи со пресврт, по предност од 0-1 за Скопје по првото полувреме.

Детонит Плачковица, пак, убедливо со 0-3 триумфираше на гостувањето против Осогово во Кочани.

ВТОРА ЛИГА – 24. КОЛО
ОХРИД – НОВАЦИ 2-2
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА 1-1
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-3
ПОБЕДА – КОЖУФ 0-1
БАШКИМИ – КАРАОРМАН 5-1
ТЕТЕКС – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-2
БЕСА – СКОПЈЕ 2-1
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 3-0

Се вчитува...