ВТОРА ЛИГА: Победува Вардар, ама победуваат и Воска, Гостивар и Пелистер

Без апсолутно никакви проблеми водечките екипи во второлигашката конкуренција дојдоа до победи во 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Лидерот Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари триумфираше со 3-0 против Каменица Саса. Десниќ во првото полувреме погоди за 1-0 за црвено-црните, а во финишот од мечот погодија и Размоски и Митев за конечни 3-0.

Но, во чекор „вардарци“ се следени и од Воска која со 1-3 славеше на гостувањето против Слога Виница, како и од Гостивар кој убедливо со 0-3 триумфираше против Беласица во Струмица.

Пелистер на домашен терен со 2-0 го победи Детонит.

Екипата на Охрид Лихнидос успеа да издвои победа над екипата на Борец. Стрелци на головите за охриѓани беа Мартин Нически и Давид Матески.

ВТОРА ЛИГА – 22. КОЛО
Вардар – Каменица Саса 3-0
Охрид – Борец 2-0
Слога Виница – Воска спорт 1-3
Беласица – Гостивар 0-3
Тетекс – Беса 1-2
Пелистер – Детонит 2-0
Арсими – Караорман 3-1
Кожуф – Локомотива Скопје 2-1

Се вчитува...