Регуларниот дел од второлигашката кошарка во Македонија заврши вчера со комплетирање на 22. коло пред кое имаше бројни неизвесноста во поглед врвот на табелата, но и паровите кои ќе се сретнат во четвртфиналето.
Резултати од 22. коло:
Црн Дрим – Охрид 86-83
Борец – Маџари 69-81
Бутел – Академија ФМП 72-66
Водно Санс – МЗТ Скопје УБ 89-114
Мега Баскет – Ангели 69-75
Работнички – Соколи 109-91
Три екипи (Маџари, Ангели и Соколи 1932) беа во битка за лидерската позиција која носи домашен терен во плеј-офот. Во предност беа Штипјани кои со триумф над „фенерџијата“ Работнички ќе го осигураа врвот, но поразот на гостувањето во Скопје (109-91) ги остави на третата позиција на табелата.
Маџари ја потврди фаворитската улога со победа од 69-82 на гостувањето во Велес кај Борец Баскет па ја потврди и првата позиција пред Ангели поради подобрата кош-разлика во меѓусебниот дуел.
Битката за место во елитата на македонската кошарка започнува од четвртфиналето со следните парови:
Маџари – Охрид
Ангели – Борец
Соколи – Бутел
Црн Дрим – МЗТ Скопје УБ
Место во Првата лига за сезоната 2025/26 ќе изборат двата финалисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА