ВТОРА ЛИГА: Продолжува „мртвата трка“ на Охрид, Брегалница, Шкендија Арачиново и Скопје

Без сомнение, повеќе од неизвесна битка ќе има до крајот на првенството за врвот во Втората македонска фудбалска лига и местото кои води до елитата следната сезона.

Водечките екипи, Брегалница, Охрид, Шкендија Арачиново, Скопје и Беласица до денешното 20. коло забележаа победи со кои останаа на еднакво растојание на врвот од табалета.

Охрид славеше минимално со 0-1 на гостувањето против Кожуф, а Шкендија Арачиново со истиот резултат дома го победи Детонит.

Брегалница ја победи Каменица Саса со 3-1, а Скопје сосема очекувано убедливо со 0-5 победи на гостувањето против Победа. Беласица пред своите навивачи со 2-0 ја победи Слога Виница.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Беласица – Слога Виница 2-0

Брегалница – Каменица Саса 3-1

Кожуф – Охрид 0-1

Победа – Скопје 0-5

Шкендија Арачиново – Детонит Плачковица 1-0

Тетекс – Новаци 2-1

Вардар Неготино – Преспа 2-1

Се вчитува...