Втора лига: Први порази на Баскет Кам, Куманово и Охрид

Изминатиот викенд на кошаркарските терени ширум Македонија продолжија натпреварувањата во Втората кошаркарска лига. А, по три одигарни кола веќе нема непоразени тимови со што добивме потврда дека не чека една од најнеизвесните сезони во првенството.

Работнички му го нанесе првиот пораз на Баскет Кам откако во Скопје славеше со 81-74, Соколи 1933 го совладаа Куманово со 77-62, а до победа во Охрид дојде Вардар кој по продолжение славеше со 85-97.

МЗТ Скопје 2 беше доминантен во натпреварот против Шкупи славејќи со 91-57, додека Ангели го добија гостувањето во Велес против Борец Баскет со 51-78. Одложен беше натпреварот помеѓу Црн Дрим и Водно Санс.

Се вчитува...