Пелистер и Вардар одиграа натпревар без победник (2-2) на дербито во Битола од 14. коло во Втората македонска фудбалска лига. Реми кое го искористи Гостивар па со победата од 0-2 против Борец на гостувањето во Велес се врати на врвот од табелата. Воска спорт, пак, ремизираше (1-1) на гостувањето против Детонит Плачковица во Радовиш.
На дербито во Битола, по мирен половина час игра без многу убавина во кое „вардарци“ имаа нешто поотворена офанзивна игра, сепак, Пелистер одигра одлични 15 минути во финишот на првиот дел, па дојде до предност со погодоците на „екс-вардарците“, Никола Наумоски и Борче Маневски.
А, во 42. минута по нафрлувањето од левата страна на Благоја Љамчевски, капитенот на домашните Борче Маневски со глава стрелаше за 2-0…
По полувремето во кое Пелистер имаше предност од 2-0, за само пет минути „вардарци“ дојдоа до израмнување во Битола.
А, во 67. минута нов гол за конечни 2-2… Ново нафрлување пред голот на „пелистерци“, а сега Кире Маркоски најконцетриран со глава носи израмнување за црвено-црните…
Гостивар без поголеми проблеми дојде до победата на гостувањето против Борец со головите на Антонио Каланоски во 9. минута и Вилдан Керим во 46. минута од средбата.
Гостивар сега е на врвот од табелата со 34 бода, пред Вардар кој е со 33 бода, а Воска спорт е на третото место со 31 бод. Пелистер е четврти со 27 бода, а Детонит Плачковица на 5. место со 26 бода.
ВТОРА ЛИГА – 14. КОЛО
Пелистер – Вардар 2-2
Арсими – Беласица 2-0
Борец – Гостивар 0-2
Детонит – Воска спорт 1-1
Караорман – Беса 0-0
Кожуф – Тетекс 4-1
Локомотива – Каменица Саса 2-1
Охрид – Слога Виница 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА