Екипата на Шкендија Арачинов ја запоседна лидерската позиција во Втората македонска фудбалска лига, барем до вечерашниот натпревар на Брегалница против Скопје во Штип, по победата во 8. коло на гостувањето против Тетекс во Тетово.
Тетекс поведе на дуелот уште во 10. минута, но потоа следеше целосен пресврт за конечна победа на тимот од Арачиново.
Осогово, пак, приреди изненадување со убедливата победа од 3-1 против фаворизираната Беласица.
Охрид дојде до значајна победа на гостувањето против Новаци со 0-1, а убедливи победи славеа Вардар Неготино, Каменица Саса и Победа.
РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО
Тетекс – Шкендија Арачиново 1-2
Победа – Слога Виница 3-0
Новаци – Охрид 0-1
Кожуф – Детонит Плачковица 0-0
Осогово – Беласица 3-1
Вардар Неготино – Големо Коњари 4-0
Каменица Саса – Преспа 3-0
Брегалница – Скопје (18 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

