ВТОРА ЛИГА: Шкендија Арачиново го совлада Охрид, прва победа сезонава за Брегалница

Шкендија Арачиново е единствената екипа со максимален ефект по првите две кола на стартот од сезоната во Втората македонска фудбалска лига откако славеше со 2-1 на денешниот дуел пред своите навивичи против Охрид Лихнидос.

Прва победа сезонава запиша Брегалница која со 0-2 триумфираше на гостувањето против Вардар Неготино со головите на Тасев и Георгиев.

Убедлива победа од 5-1 забележа Слога Виница против Големо Коњари, а Тетекс ја победи Детонит Плачковица со 3-2.

ВТОРА ЛИГА – 2. КОЛО
Вардар Неготино – Брегалница 0-2
Победа – Каменица Саса 2-2
Шкендија Арачиново – Охрид 2-1
Слога Виница – Големо Коњари 5-1
Осогово – Преспа 2-0
Тетекс – Детонит Плачковица 3-2
Кожуф – Новаци 2-0

Се вчитува...