ВТОРА ЛИГА: Тетекс го шокираше Кожуф во голеадата во Гевгелија, Беса сигурна, Пелистер победи во Неготино

Фудбалерите на Беса се осамени лидери во Втората македонска фудбалска лига, откако славеа со 0-2 на гостувањето против Караорман во 7. коло а искористувајќи го киксот на Кожуф кој загуби на домашен терен од Тетекс со 3-4.

Крајно изненадувачки пораз на Кожуф од Тетекс во Гевгелија, во меч во кој „штофарите“ имаа предност од 0-3 на полувремето. Потоа во голеадата во Гевгелија, Тетекс имаше и водство од 2-4 за да во самиот финиш домашните со прекрасениот гол на Бојан Иванов директно од слободен удар од 22 метри само го ублажат поразот. Два гола за Тетекс постигна Марио Станковски (16. и 20. минута), а по еден Давид Спасовски (5. минута) и Иво Јанакиевски (80. минута).

Стрелци на головите за Беса во победата од 0-2 против Караорман беа Белули во 6. минута и Таипи во 81. минута.

Пелистер победи на гостувањето против Вардар Неготино со 0-1 со голот на Симеон Христов во 80. минута.

Мининална гостинска победа запиша и Охрид против Беласица со голот на Мартин Ѓорѓиевски во 61. минута. Голманот на Охрид, Дамјан Серафимов на почетокот од мечот им одбрани и пенал на струмичани. Скопје дома со идентични 1-0 го победи Арсими со голот на Идриз Османовиќ во 53. минута.

Осогово го победа Новаци на гостински терен со головите на Паунов во 30. минута и Лука Георгиев во 64. минута. Стрелец за домашните беше Стефан Јовановски во 73. минута.

Најубедливата денешна победа ја запиша Детонит Плачковица со триумф од дури 7-0 против Башкими. По два гола постигнаа Андреј Кудијан, Јусуф Алиу и Славчо Јанев, а еден погодок беше дело на Керим Вилдан.

Каменица Саса со пресврт дојде до труумф над Победа од 2-1, и тоа со двата гола на Сашо Дуков во 63. минута и во 88. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО
Беласица – Охрид 0-1
Детонит Плачковица – Башкими 7-0
Скопје – Арсими 1-0
Каменица Саса – Победа 2-1
Караорман – Беса 0-2
Кожуф – Тетекс 3-4
Новаци – Осогово 1-2
Вардар Неготино – Пелистер 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...