Втора лига: Триумф на Ангели во дербито со Маџари

Кошаркарите на Ангели беа подобри за два поени од Маџари и славеа минимална победа (83:81), во најинтересниот дуел од третото второлигашко коло. За избраниците на тренерот Игор Гацов трета во серија која ги остава осамени на првата позиција во Втората лига со максимален ефект. Во победничката екипа поентерски отскокаа Богатиновски, кој постигна 28 поени, Стојанов со 21, и Стојановски кој го заврши натпреварот со 14.поени. Во онаа поразената, Петкоски даде 19. поени, Нацевски реализираше 17, а Миновски уште 16.

Црн Дрим дојде од гостинска победа во дуелот со Работнички 2018 (83:78). Ѓоровиќ реализираше 21 поен за струшкиот второлигаш.  Камиловски го следеше со 20, додека Здравковски дополни со уште 17 поени. Кај Работнички 2018, Нешовиќ беше стрелец на 19.поени, Ванчов имаше 13, а капитенот Павловски 12. поени.

Убедлив триумф на домашен терен реализираше екипата на Мега баскет. Во Прилеп беа многу подобри од младиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка (93:65).

Уште во првиот период прилепчани се стекнаа со двоцифрена предност, од 14.поени, која до крајот на мечот само ја зголемуваа и дојдоа до уште една победа на почетокот на новата сезона.

Една петорка на Мега баскет заврши со десет или повеќе реализации. Стевананџија постигна 25 поени, Стојановски имаше 13, Настески и Домлески реализираа по 11, а Велески 10. Во гостинската екипа,  Величковски дојде до 16.поени, Зетов имаше 13, а Масевски уште 12.поени.

Чадамов постигна 25 поени за екипата на Борец баскет во победата против Соколи 1933 убедлива, со резултат (96:75). Сопроновски го следеше со 18.поени, додека најискусниот во нивните редови Штерјов, додаде уште 10 во овој многу важен триумф над второлигашот од Штип, во чии редови Коцев реализираше 18.поени, а капитенот Караколев дојде до бројката од 15.реализации.

Во Охрид сигурен триумф за домашниот тим во дуелот против Академија ФМП (89:64), прв во сезоната за ланскиот прволигаш.

Третото коло ќе биде затворено во понеделник, од 18.часот, кога ќе играат локалните скопски ривали Бутел и Партизан Водно Санс.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Маџари – Ангели  81:83

Мега баскет – МЗТ Скопје Уни Банка 93:65

Работнички 2018 – Црн Дрим   78:83

Охрид – Академија ФМП            89:64

Борец баскет – Соколи 1933     96:75

28. OKТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Бутел – Партизан Водно Санс

Сала „Илија Хаџи Николов“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/mlR70cSRHvs?si=Sf8Z15xBWL5fh9il

ТАБЕЛА: Ангели 6, Маџари 5, Мега баскет 5, Борец баскет 5, Соколи 1933 4, МЗТ Скопје Аеродром 5, Црн Дрим 5, Работнички 2018 4, Охрид 4, Академија ФМП 3, Бутел 2 (-1), Партизан Водно Санс 2 (-1);

Се вчитува...