Фудбалерите на Вардар успеаја да слават важна победа на гостувањето во Охрид, и тоа во судиското надополнување. Во четвртата минута од судиското продолжение, „црвено-црните“ успеаја да стигнат до три бода, откако Охрид само две минути претходно ја погоди стативата од голот на Гачевски.
Натпреварот беше трврд со малку шанси, со публика од двете страни, а најголемите возбудувања се случија во финишот кога Охрид промаши голема шанса, а Вардар реализираше и така дојде до првата пролетна победа. Херој на Вардарци беше Владимир Жоглев кој влезе од клупата и се покажа како голем „џокер“ за три бода.
Гостивар стигна до бодовите на гостувањето во Каменица. Гостиварци стигна до победа од 0-3, благодарение на головите на Крстевски, и два на Каланоски. Каланоски ги постигна двата гола во судиското продолжение од вториот дел.
Со двата гола на Фета, Воска стигна до важен триумф над Локомотива Пехчево. До триумф стигна и екипата на Пелистер на гостувањето кај Беса со 1-2. Детонит го совлада Тетекс со 1-0. Беласица минимално дојде до победа над Борец во Велес, додека Арсими го совлада Кожуф со 2-1.
РЕЗУЛТАТИ, 17 КОЛО:
АРСИМИ – КОЖУФ 2-1
БЕСА – ПЕЛИСТЕР 1-2
БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА 0-1
ДЕТОНИТ – ТЕТЕКС 1-0
КАМЕНИЦА САСА – ГОСТИВАР 0-3
ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО – ВОСКА 0-2
ОХРИД – ВАРДАР 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА