ВТОРА ЛИГА: Вардар киксна со Арсими, убедливи Воска и Пелистер, победа за Гостивар

Гостивар дополнително се зацврсти на врвот од табелата во Втората македонска фудбалска лига откако славеше со 1-0 против Локомотива во првото пролетно коло сезонава.

Гостиварци се издвојуваат бодовно искористувајќи го и киксот на Вардар кој на домашен терен, во Автокоманда, одигра без победник 1-1 со Арсими. Еди Абдија во 13. минута донесе предност за Арсими, а Десниќ во 70. минута успеа да ги постави конечните 1-1.

Убедливи победи запишаа Воска Спорт и Пелистер кои само ја најавија определбата за битка за водечките две позиции на табелата.

Воска Спорт славеше со 4-1 против Караорман во Охрид, додека Пелистер убедливо со 5-0 триумфираше против Кожуф на домашен терен.

РЕЗУЛТАТИ – ВТОРА ЛИГА – 16. КОЛО
Битола: ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 5-0
Скопје: ВАРДАР – АРСИМИ 1-1
Тетово: ТЕТЕКС – ОХРИД 2-0
Струмица: БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-1
Виница: СЛОГА – БОРЕЦ 4-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – КАРАОРМАН 4-1
Гостивар: ГОСТИВАР – ЛОКОМОТИВА 1-0
Врапчиште: БЕСА – КАМЕНИЦА САСА 2-0

Се вчитува...