ВТОРА ЛИГА: Вардар со гол во 84. минута ја победи Беласица, но лесни победи и за Воска спорт и Гостивар (ВИДЕО)

Вардар со гол во 84. минута од пенал успеа да дојде до посакуваната победа на гостувањето против Беласица во 27. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Сето тоа за останување на „вардарци“ и натаму во трката за водечките две позиции кои водат во елитното друштво, откако убедливи победи на домашен терен славеа денеска и Воска спорт и Гостивар.

Вардар на гостувањето против Беласица, на мечот кој се одигра во Турново, славеше со 0-1 благодарание на голот од пенал на Николовски во 84. минута.

Но, предноста на врвот пред црвено-црните ја зачуваа и Воска спорт која убедливо со 3-1 триумфираше против Арсими, а со 3-0 победи и Гостивар на домашен терен против Охрид.

Тетекс, пак, во битката за опстанок славеше со 2-1 против Пелистер со голот на Кировски, верувале или не, во 110. минута од средбата.

ВТОРА ЛИГА – 27. КОЛО
Беласица – Вардар 0-1
Гостивар – Охрид 3-0
Воска Спорт – Арсими 3-1
Тетекс – Пелистер 2-1
Беса – Детонит 3-0
Слога Виница – Кожуф 2-1
Локомотива – Караорман 4-1
Каменица Саса – Борец 3-0

Се вчитува...