Силекс ја пречекува Воска Спорт во дербито на 4. коло од Втората лига – Запад кое се игра денеска со почеток од 15 часот.
Кратовци ја носат фаворитската улога носени од желбата да го зачуваат максималниот ефект по првите три кола во првенството. Вардар, пак, по пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија сега се насочува кон гостувањето во Велешта.
За „вардарци“ кои посакуваат враќање во Првата лига, се друго освен победа во Велешта ќе биде неуспех во обидот за приклучување кон врвот.
На Истокот, пак, дербито се игра меѓу Слога Виница и Победа. Натпревар за врвот. Каменица Саса, пак, е голем фаворит против Детонит јуниор очекувајќи нивно реми за самостојно запоседнување на лидерската позиција.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (4. коло) – денеска (15 ч.)
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
ВЕЛЕШТА – ВАРДАР
БЕСА – КОРАБИ
КАДИНО – ГОСТИВАР
ОХРИД – ТЕТЕКС
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (4. коло) – денеска (15 ч.)
БРАТСТВО – КИТ ГО
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА
КАМЕНИЦА САСА – ДЕТОНИТ ЈУНИОР
СЛОГА ВИНИЦА – ПОБЕДА
ОСОГОВО – ЛОКОМОТИВА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА