ВТОРА ЛИГА: Водечките непогрешливи, останаа на иста разлика

Вардар ја продолжи трката за пласман во прволигашката конкуренција, откако лесно на стадионот „Борис Трајковски“ го совлада тимот на Слога Виница. По поразот минатото коло 2-1 од Воска Спорт, Вардарци веднаш вратија со победа. Во првиот дел Жоглев донесе 1-0, а во вториот дел Николовски и Митев зголемија на 3-0. И покрај ова водство, „црвено-црните“ продолжија да напаѓаат, имаше уште неколку шанси, а Размоски ја погоди стативата.

Гостивар продолжува со серијата на непоразеност, откако ова коло го совлада тимот на Арсими. Отпорот на домашниот тим Гостиварци го скршија дури во вториот дел. Најпрво во 50. минута, а потоа и во 58. минута за водство од 0-2.

Воска на „мускули“ го совлада тимот на Кожуф во Гевгелија со 1-2. Триумф и на Пелистер над Караорман, за надеж дека Вардар ќе направи уште некој кикс, за битолчани да се најдат во баражот за пласман во Правата лига. „Зелено-белите“ уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот со голови во 30. и 41. минута.

Тетекс по долго време успеа да победи. Совладана беше екипата на Беласица, и остварена важна победа во битката за опстанокот во Втората лига. Детонит Јуниор со „петарда“ го совлада тимот на Каменица Саса, а Борец продолжува со серијата порази и загуби на домашен терен од Локомотива Пехчево со 0-3. Охрид го совлада тимот на Беса со 2-1.

ВТОРА ЛИГА, 26 КОЛО: 

АРСИМИ – ГОСТИВАР  0-2
БОРЕЦ – ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО  0-3
ДЕТОНИТ – КАМЕНИЦА САСА  5-1
КОЖУФ – ВОСКА  1-2
ОХРИД – БЕСА  2-1
ПЕЛИСТЕР – КАРАОРМАН   2-0
ТЕТЕКС – БЕЛАСИЦА   3-2
ВАРДАР – СЛОГА В.   3-0

Се вчитува...