Најдобрите четири екипи на второлигашката табела стигнаа до нови победи во рамките од 25. рунда, продолжувајќи ја трката за влез во елитното друштво.
Лидерот Македонија ЃП ја оправда фаворитската улога против Детонит славејќи со минимални 1-0, а цел плен освои и Башкими, триумфирајќи над Вардарски со 2-0.
Брегалница со голот на Калпачки на стартот од второто полувреме во Велес го совлада Борец со 0-1, додека на третото место остана Арсими, по минималните 1-0 на дуелот со Кожув.
Новаци славеше над Вардар Неготино со 2-0, Победа беше подобра од Саса триумфирајќи со минимални 1-0, а со ист резултат заврши и дуелот во Струмица меѓу Беласица и Скопје.
Најефикасен на денешнат апрограма беше мечот во Охрид каде домашната екипа одигра 2-2 против Осогово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА