Екипата на Воска Спорт го совлада Пелистер во денешниот натпревар од 21. коло во Втората лига, и така си обезбеди поволна позиција во трката за влез во Првата лига, а воедно отпишувајќи ги битолските „зелени“ од трката за прволигашката конкуренција.
Херој на Воска Спорт беше Изаир Емини кој со убав гол уште од слободен удар во раната фаза од мечот донесе водство, а на 10 минути пред крајот на средбата со уште еден гол ја донесе победата. Пелистер само успеа да намали на 2-1 со гол на Борче Маневски од пенал.
Сега со оваа победа, Воска изби на второто место на табелата, со два бода повеќе во однос на Гостивар, и два помалку во однос на првопласираниот Вардар. Пелистер, пак, сега заостанува пет бода од третопласираниот Гостивар, со мали шанси да се пласира меѓу најдобрите три тима, и со тоа можност да се бори за прволигашката конкуренција.
Пелистер го заврши мечот со играч помалку откако директен црвен картон заработи Благоја Љамчевски, што предизвика многу гнев кај битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА