Со двата гола на искусниот Боби Божиновски, Македонија ЃП славеше со 0-2 на гостувањето против Новаци во 22. коло од Втората лига – Запад со што и натаму ги чува „лавовите“ на врвот на табелата.
Првиот гол Божиновски го запиша во 27. минута, а потоа погоди и во 79. минута за конечни 0-2.
Гостивар продолжува во трката за првото место откако убедливо со 1-4 славеше на гостувањето против Зајази. Стрелци за Гостивар беа Башким Лама во два наврати, Един Мерсовски и Артан Велиу.
Битката за врвот ја продолжува и Струга ТЛ кој славеше со 3-1 против Еуромилк ГЛ. Стрелци за стружани беа Шаќири и Главевски во првото полувреме, и Фламур Таири во вториот дел, додека стрелец на единствениот гол за „млекарите“ беше Нуредин Муслиу уште во 16. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО
Струга ТЛ – Еуромилк ГЛ 3-1
Новаци – Македонија ЃП 0-2
Зајази – Гостивар 1-4
Локомотива – Тетекс 2-2
Лабуништа – Велазерими (утре, 16 ч.)
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 44 бода, Гостивар 43, Струга ТЛ 42, Велазерими (-1) 40, Лабуништа (-1) 35, Еуромилк ГЛ 30, Тетекс 27, Локомотива 20, Зајази 15, Новаци 7 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА