Новиот второлигаш Генч Калемлер од Гостивар го посрамоти Пелистер на гостувањето под „Тумбе кафе“ во Битола славејќи со убедливи 1-4 во 2. коло од Втората лига – Запад.
Со головите на Хасан во 12. минута и Керим во 43. минута, Генч Калемлер ја најави победата уште во првото полувреме. Потоа во вториот дел за гостите стрелаа повторно Сунај Хасан во 58. минута со својот втор гол и Бурак Менга во 70. минута. Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше Ристе Илијовски во 85. минута.
Во дерби пресметката на колото , Гостивар славеше против Скопје со 1-0. Гостивар до победата дојде со голот на Антонио Илиески во 76. минута од средбата.
И Струга ТЛ дојде до триумф од 0-1, но на гостувањето против Велазерими во Кичево. Стрелец за Струга Трим Лум беше Дејан Цветаноски во 89. минута од натпреварот.
Гоблен јуниор славеше со 0-1 на гостувањето против Тетекс со голот на Гентијан Паразит во 23. минута од натпреварот.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Велазерими – Струга ТЛ 0-1
Тетекс – Гоблен јуниор 0-1
Пелистер – Генч Калемлер 1-4
Гостивар – Скопје
УТРЕ (16:30 ч.)
Лабуништа – Кораб
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА