Генч Калемлер е осамен на врвот на табелата во Втората лига – запад, откако овој амбициозен клуб на гостински терен стигна до цел плен против Скопје. Триумфот од 0-1 беше осигуран со голот што во 74. минута го постигна Бурак Менга, за огромни три бода на оваа екипа.
Дербито на колото се одигра во Струга, каде Лабуништа ремизираше 2-2 против Струга Трим – Лум, екипата што влезе во ова коло со ист број на бодови како и Генч Калемлер. Трим-Лум два пати доаѓаше до предност на денешниот дуел, но Клечкаровски беше херојот на Лабуништа, со два гола спречувајќи пораз на својот тим.
Гостивар ја оправда фаворитската улога против Тетекс, славејќи со 3-0 со головите на Османи, Скендери и Зеќири, постигнати во последните 20 минути од натпреварот.
Резултати:
Велазерими – Пелистер 1-0, Гостивар – Тетекс 3-0, Лабуништа – Струга Трим-Лум 2-2, Скопје – Генч Калемлер Спорт 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА