Гостивар успеа да го добие дерби-дуелот со Скопје на домашен терен славејќи со 2-0. Малиќ Белули на крајот од првиот дел и Христијан Кировски на почетокот на второто полувреме беа стрелци на головите за гостуварци. На гостите не им помогна ниту тоа што Гостивар од 57.минута остана со играч помалку поради црвениот картон на стрелецот Кировски.
Охрид минимално го совлада Вардар Форино со 1-0. Оливер Дишлиевски во 18.минута погоди за нови три бода за охриѓани на овој меч. Велешта со голот на Алтин Лога во 67.минута ја победи Дрита, а сигурен на домашен терен беше и Кораби кој со 2-0 го совлада Кадино.
Лабуништа и Велазерими ремизираа 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА