Гостивар славеше против Тетекс со 2-1 во полошкото дерби во рамките на 4. коло од Втората лига Запад.
„Штофарите“ дојдоа до водство уште во 2. минута со голот на Меритон Салии, но Гостивар дојде до израмнување пред полувремето преку Ерсин Фетахи во 24. минута. Бобан Мариќ го донесе триумфот на гостиварци со голот во 91. минута од средбата.
Струга Трим Лум славеше на гостувањето против Новаци со 0-1. Творец на победата на Струга Трим Лум беше Алтин Лога со погодокот во 87. минута од средбата.
Еуромилк ГЛ дојде до победа од 2-1 против Македонија ЃП благодарение на голот на Флорент Османи во 90. минута. Откако претходно, „лавовите“ дојдоа до водство со голот на Кристијан Костовски во 40. минута, а израмни Бурхан Алији од пенал во 50. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО
Локомотива – Зајази 0-0
Гостивар – Тетекс 2-1
Лабуништа – Велазерими 1-1
Еуромилк ГЛ – Македонија ЃП 2-1
Новаци – Струга Трим Лум 0-1
ТАБЕЛА: Гостивар 10 бода, Струга Трим Лум 8, Велазерими 7, Еуромилк ГЛ 7, Локомотива 5, Тетекс 4, Новаци 4, Лабуништа 3, Македонија ЃП 2, Зајази 2 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА