Гостивар го презеде врвот во Втората лига Запад, барем до утрешниот дуел на Велазерими, откако со 0-1 славеше на гостувањето против Тетекс во полошкото дерби.
Стрелец на единствениот гол вреден три бода за Гостивар беше Илирид Адеми во 55. минута од средбата.
Новаци имаше предност од 0-1 на полувремето на гостувањето против фаворитот Струга Трим Лум со голот на Антонио Стојковски во 29. минута. Но, во вториот дел целосен пресврт. Најпрво израмни Благојче Главевски во 53. минута. Во 72. минута истиот играч донесе предност од 2-1, за да конечните 3-1 ги постави Зија Мерџани во 83. минута.
Македонија ЃП дојде до убедлив триумф против Еуромилк ГЛ од 3-0, благодарение на головите на Иван Настевски во 33. минута, и на Филип Колеќевски во 37. минута и во 76. минута од пенал.
РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛОЗајази – Локомотива 2-0Македонија ЃП – Еуромилк ГЛ 3-0Струга Трим Лум – Новаци 3-1Тетекс – Гостивар 0-1УТРЕ (13 ч.)Велазерими – ЛабуништаТАБЕЛА: Гостивар 25 бода, Велазерими(-1) 23, Струга 23, Македонија ЃП 20, Еуромилк ГЛ 19, Локомотива 17. Лабуништа(-1) 15, Тетекс 13, Зајази 12, Новаци 8 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА