Скопје и Пелистер ремизираа без голови во екс-прволигашкото дерби од Втората лига – Запад на отворањето на новата натпреварувачка 2018/2019 сезона.
Единствената победа во Втората лига – Запад ја запиша Гостувар со 0-2 на гостувањето против Кораб во Дебар. Османи и Ариф Фатмир беа стрелци на головите за Гостивар уште во првото полувреме.
Струга Трим Лум спасуваше пораз на гостувањето против Гоблен во Куманово. Гентијан Пајазит стрелаше во 42. минута за Гоблен јуниор за изненадувачка водство, а Алтин Лога во 82. минута ги постави конечните 1-1.
Новиот второлигаш Генч Калемлер во Гостивар ремизираше (1-1) со Тетекс. Генч Калемлер поведе со голот на Сунај Хасан во 10. минута, а Тетекс израмни во 48. минута преку Муритон Салии.
РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
Гоблен јуниор – Струга ТЛ 1-1
Кораб – Гостивар 0-2
Скопје – Пелистер 0-0
Генч Калемлер – Тетекс 1-1
УТРЕ
Лабуништа – Велазерими
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА