Вардар ја запиша најубедливата победа во 13. коло од Втората лига – Запад триумфирајќи со 4-0 против Велешта благодарение на хет-трикот на Филип Петковски.
Петковски постигна два гола во 1. и во 14. минута за водство од 2-0 по првите 45. минута, а потоа во 65. минута на 3-0 зголеми Дејан Блажевски. Во 89. минута Петковски го постигна и својот трет гол на мечот за конечни 4-0.
Во дербито на колото, Воска Спорт и Силекс одиграа натпревар без голови во Охрид.
Беса убедливо со 0-3 славеше на гости против Кораби, Гостивар со 1-0 триумфираше против Кадино со голот на Сунај Хасан во 23. минута.
Тетекс и Охрид ремизираа, 1-1. Тетекс поведе со голот на Демири во 33. минута, а охриѓани израмнија со гол од пенал во 88. минута.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (13. коло)
Воска Спорт – Силекс 0-0
Вардар – Велешта 3-0
Кораби – Беса 0-3
Гостивар – Кадино 1-0
Тетекс – Охрид 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА