Скопје го доби дерби дуелот од 4. коло во Втората лига – Запад против Лабуништа триумфирајќи минимално со 1-0 на Автокоманда со голот на Филип Јаневски во 93. минута од средбата. На тој начин скопјани сега со 10 бода од четири натпревари се осамени лидери во првенството.
Пелистер победи на гостувањето во Охрид. Борче Маневски погоди за Пелистер уште во 10. минута од средбата за 0-1, а потоа следеа уште четири гола на гостите за триумф од 1-5.
Гостивар дојде до победа против Кораби од 2-0 со головите на Бурак Менга во 74. минута и Шериф Реџепи во 86. минута.
Победи славеа и Велазерими со 3-2 против Вардар Форино, како и Дрита на мечот против Кадино со 2-0.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (4. КОЛО)
Охрид – Пелистер 1-5
Скопје – Лабуништа 1-0
Гостивар – Кораби 2-0
Дрита – Кадино 2-0
Велазерими – Вардар Форино 3-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА