Македонија ЃП е нов лидер во Втората лига Запад откако славеше убедливо со 0-3 на гостувањето против Локомотива во 20. коло, притоа искористувајќи го киксот на досегашниот лидер Гостивар кој загуби со 2-0 од Тетекс.
Во исклучително возбудлив меч „штофарите“ славеа против Гостивар со головите на Салиу и Филип Јовановски.
„Лавовите“, пак, до триумфот од 0-3 против Локомотива стигнаа со погодоците на Боби Божиновски и Мартин Христов.
Струга Трим Лум дојде до триумф од 0-1 на гостувањето против Новаци со голот на Антонио Каланоски во 77. минута од средбата.
РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО
Новаци – Струга Трим Лум 0-1
Тетекс – Гостивар 2-0
Локомотива – Македонија ЃП 0-3
Зајази – Велазерими 0-1
Лабуништа – Еуромилк ГЛ 3-1
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 38 бода, Гостивар 37, Велазерими 37, Струга ТЛ 36, Лабуништа 35, Еуромилк ГЛ 27, Тетекс 26, Локомотива 19, Зајази 15, Новаци 7 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА