Велазерими со пресврт во второто полувреме го доби дербито од 11. коло во Втората лига – Запад славејќи на гостувањето против лидерот Струга Трим Лум со 1-2.
Стружани водеа по првото полувреме со голот на Нијас Лена во 27. минута од средбата, но Велазерими со головите на Бакиевски во 66. минута и Мурат Адили во 79. минута дојде до пресврт и триумф.
Скопје славеше со 2-1 против Гостивар благодарение на погодоците на Виктор Димков во 64. минута и Милан Ристовски во 79. минута. Претходно Исмаили во 77. минута погоди за гостиварци.
Останатите три натпревари од денешното 11. коло завршија без постигнати погодок.
Натпреварите од Втората лига – Исток и овој викенд беа одложени поради настапот на аматерската репрезентација на Македонија на УЕФА Регионалниот куп во Северна Ирска. Дуелите од 10. коло во Втората лига – Исток ќе се играат во вторник (30. октомври).
РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО
Струга ТЛ – Велазерими 1-2
Гоблен јуниор – Тетекс 0-0
Генч Калемлер – Пелистер 0-0
Скопје – Гостивар 2-1
Кораби – Лабуништа 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА