Струга Трим – Лум и Гостивар ја намалија негативата во однос на лидерот Велазерими, откако овој тим одигра 1-1 на домашен терен против Локомотива. Димков му донесе бод на гостинот, откако Велазерими поведе со погодокот на Калба.
Струга Трим – Лум го искористи домашниот терен за да стигне до нови три бода. Стружани го совладаа Еуромилк со 1-0, со голот на Арбен Тафе во 20.минута, а издржаа во последните дваесетина минути и со играч помалку по исклучувањето на Микица Ѓорѓиевски. Македонија ЃП го победи Зајази со 1-0, а стрелец на голот беше искусниот Боби Божиновски.
Гостивар славеше на гости против Новаци со 1-2. Двоен стрелец за гостиварци беше Бобан Мариќ, додека Илче Талевски го постигна голот за Новаци на овој меч.
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, 11. КОЛО – РЕЗУЛТАТИВЕЛАЗЕРИМИ – ЛОКОМОТИВА 1-1МАКЕДОНИЈА ЃП – ЗАЈАЗИ 1-0СТРУГА ТРИМ – ЛУМ – ЕУРОМИЛК 1-0НОВАЦИ – ГОСТИВАР 1-2ТЕТЕКС – ЛАБУНИШТА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА