Нов кикс на Вардар во второлигашката конкуренција. Овој пат „црвено-црните“ ремизираа (2-2) на домашен терен со 2-2, во натпревар во кој гостите до бодот дојдоа со голот на Мухамед Бекир во 90. минута.
Претходно, Беса поведе во 23. минута со погодокот на Лимани, но Вардар дојде до пресврт од 2-1 со двата гола на Филип Петковски во 41. минута и во 52. минута.
Силекс продолжува со максималниот ефект, запишувајќи ја и петтата победа овој пат од 0-2 на гостувањето против Тетекс. Алији во 23. минута и Дуков во 75. минута беа стрелци за кратовци.
Воска Спорт славеше убедлива победа од 4-0 против Велешта, а Кораби го победи Кадино со 1-0 со голот на Муча во 71. минута.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (5. коло)
Вардар – Беса 2-2
Тетекс – Силекс 0-2
Кораби – Кадино 1-0
Воска Спорт – Велешта 4-0
Гостивар – Охрид 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА