ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: „Нула“ на дербито во Охрид, Пелистер на крилјата на браќата Љамчевски

Без победник заврши дерби пресметката од првото пролетно коло во Втората лига – Запад меѓу Струга Трим Лум и Лабуништа кое се играше на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

По многу борба, тактичко надмудрување и неколку нереализирани шанси на двете страни, на крајот двете екипи ги поделија бодовите.

Пелистер славеше против Велазерими со 2-1 со погодоците на браќата Љамчевски ги потврди високите амбиции за пролетниот дел од сезоната. Петар Љамчевски стрелаше во 18. минута за водство од 1-0, а Благоја Љамчевски погоди во 82. минута за 2-0. Шерам Реџепи во 89. минута само постигна почесен гол за гостите.

Тетекс го доби полошкото дерби славејќи со 2-1 против Гостивар. Домашните поведоа со автоголот на Адмир Демири во 16. минута. За Гостивар израмни Башким Љама во 40. минута а победата на Тетекс ја донесе засилувањето од Работнички, Филип Петковски со голот во 57. минута.

Скопје одигра 1-1 на гостувањето против Генч Калемлер во Гостивар . Скопјани поведоа со погодокот на Марио Настевски во 87. минута, а израмни Малиќ Белули во 90. минута од пенал.

РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО

Пелистер – Велазерими 2-1

Тетекс – Гостивар 2-1

Струга ТЛ – Лабуништа 0-0

Генч Калемлер – Скопје 1-1

УТРЕ (14 ч.)

Гоблен – Кораби

Се вчитува...