Охрид го доби дербито со Велешта со 1-0 и остана во игра за првото место во Втората лига Запад.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 10. минута кога Александар Ѓорѓиески постигна гол кој на крајот се покажа како доволен за триумф на домаќините.
Лидерот Скопје стигна до тешка победа на гостувањето кај Кораб со 1-2. Гостите поведоа со голот на Христијан Кировски во 10. минута. На 1-1 израмни Бљерон Муча од пенал во 37, додека конечните 1-2 исто така од пенал ги постави Иво Јанакиевски во 82. минута. Во останатите два натпревари од денешната понуда Дрита – Тетекс 1-0 и Гостивар – Велазерими 1-1.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (24. коло)
Охрид – Велешта 1-0
Кораб – Скопје 1-2
Дрита – Тетекс 1-0
Гостивар – Велазерими 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА