Пелистер тргна во позитивна насока и конечно оствари триумф. „Зелените“ славеа победа од 2-1 против Гостивар по оставката на досегашниот тренер Томче Трајановски. Благојче Главевски во 17. минута го отвори резултатот, Благоја Наумоски на стартот од вториот дел зголеми на 2-0, а почесниот гол за гостите кои од 25.минута играа си играч помалку, го постигна Фати Исмаиљи.
Генч Калемлер загуби од Велазерими со 2-3, а головите за кичевци ги постигнаа Алији, Асани и Адили.
Струга Трим Љум славеше со 2-0 против Кораби, со головите на Зија Мерџани и на Алтин Лога. Со ова, стружани се искачија и на првата позиција на табелата во Втората лига Запад.
Лабуништа оствари триумф на гости против Тетекс (1-2), додека Гоблен јуниор и Скопје ремизираа без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА