ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Пелистер „падна“ и пред Струга ТЛ во Битола, Гоблен го освои Гостивар

Струга Трим Лум дојде и до третата победа во 4. коло од Втората лига – Запад, за дополнително зацврстување на врвот од табелата, откако славеше со 1-2 на гостувањето против Пелистер во Битола.

Стружани имаа предност во Битола уште од 33. минута со голот на Арбен Тафе. И истата ја чуваа се до 83. минута кога Пелистер израмни од пенал со голот на Благоја Наумоски. Но, триумфот на Струга сепак го донесе Самет Шеји со гол во 85. минута.

До минимална победа од 1-0 дојде Кораб, на домашен терен против Скопје со голот на Един Мерсовски во 30. минута од натпреварот.

Велазерими славеше со 2-0 против Тетекс со погодоците на Шериф Реџепи во 6. и во 41. минута.

Гоблен јуниор и натаму е една од непоразените екипи во лигата. Овој пат славеше со 2-3 на гостувањето против Гостивар. Биљал Хасан е херојот за Гоблен јуниор откако погоди во 90. минута за триумфот од 2-3 и тоа со пресврт. Домашните прокоцкаа 2-0 од првото полувреме. Па Гоблен јуниор со два гола во вториот дел на Алили од пенал и Рамадани дојде до израмнување, а во 90. минута и до победа.

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО

Велазерими – Тетекс 2-0

Пелистер – Струга ТЛ 1-2

Гостивар – Гоблен јуниор 2-3

Кораб – Скопје 1-0

УТРЕ (15:30 ч.)

Лабуништа – Генч Калемлер

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...