Фудбалерите на Охрид не успеаја со триумф да го крунисаат враќањето во Втората лига, откако во денешниот дуел на домашен терен загубија од Велазерими со 1-2. Охриѓани имаа активен резултат до самиот финиш, при 1-1 делуваа како да ја контролираат играта, за гостите да стигнат до победата со гол во 90. минута, откако Ибраими со прецизен удар со глава да го совлада домашниот голман.
До три бода на гостински терен стигна и тимот на Лабуништа, кој славеше со 1-2 на гостувањето против новиот второлигаш Кадино иако домашниот тим прв дојде во водство.
Пелистер триумфираше со 2-0 над Вардар Форино, а најинтересниот меч се одигра во Гостивар, каде домашниот тим загуби од Дрита со 3-4.
Во последниот натпревар од првото коло во Втората лига – Запад, Кораби и Скопје ремизираа 2-2.
фото: ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА