Сосема неочекувано, сите пет натпревари во рамките од 16. коло од Втората лига – запад завршија без победник, откако ниту една од десетте екипи не успеа да стигне до цел плен на денешните средби.
Лидерот Струга Трим Лум успеа да остане непоразен на гостувањето против Кораби, четвртопласираната екипа на табелата. И двата тима имаа свои шанси да дојдат до три бода, но мечот на крајот заврши без ниту еден постигнат погодок (0-0).
На домашен терен „киксна“ второпласираната екипа на Лабуништа, која ремизираше 0-0 против „фенерџијата“ Тетекс.
Велазерими одигра 1-1 против Генч Качемлер Спорт, иако гостите од 10 минута беа со играч помалку по црвениот картон на Керим. Генч дури и прв поведе на оваа средба, но Адили од пенал донесе бод за екипата на Велазерими. Со идентични 1-1 заврши и дуелот Скопје – Гоблен јуниор. Гостите поведоа преку Мустафи уште во 4. минута, а само девет минути подоцна Личина од пенал ги постави конечните 1-1.
Во последниот натпревар одигран денеска Гостивар и Пелистер ремизираа 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА