Гоце Толески ќе мора да почека на првиот триумф како тренер на Охрид откако неговоит тим денеска ремизираше без голови против Лабуништа. Иако домашниот тим имаше повеќе од играта, сепак, не успеа да стигне до трите бода.
Пелистер сепак прокнижи „тројка“ во Дебар со триумфот од 1-2 против Кораб. Азири беше стрелец за домашниот состав, а Неданоски и Главевски донесоа победа за „зелените“ од Битола.
Гостивар и Кадино одиграа без голови, а Дрита славеше со 1-0 против Вардар Форино. Стрелец на голот беше Шефити. Велазерими со голот на Мргим Дани го совлада Скопје со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА