ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Реми на дербито во Лабуништа

Лабуништа и Пелистер ремизираа без голови во дербито на 23. коло во Втората лига Запад. Овој резултат повеќе им одговара на домашните фудбалери кои ја задржаа предноста од пет бода во однос на Пелистер на три кола до крајот на шампионатот. Приходот од влезници од овој натпревар беше наменет за лекување на голманот на Лабуништа, Мартин Стојаноски, кој треба да замине во Москва на лекување по сообраќајната несреќа.

Скопје го совлада Гостивар со 5-1. Марио Настевски го доведе домаќинот во водство, а потоа стрелаа и Димитровски, Брњарчевски, Усеинов и Јовановски за убедлива победа на составот од тимот од Автокоманда.

Кораб го совлада Генче Калемлер со 2-1. Гостите поведоа со голот на Чајани, но многу брзо одговори Целески израмни на 1-1. Победничкиот гол беше дело на Хабиб Клобучишта од пенал на почетокот од второто полувреме.

Велазерими го совлада Гоблен Јуниор со 2-0. Реџепи и Расими во финишот го донесоа триумфот на Велазерими.

Струга Трим Лум вчера славеше против Тетекс со 1-0 и е пред промоција во прволигашка конкуренција.

 

Се вчитува...