Со шапионска победа екипата на Струга Трим Лум го прослави влезот во Првата лига во последното, 27. коло од Втората лига – Запад.
На натпреварот на кој фудбалерите на Струга ТЛ и официјално го добија шампионскиот пехар за првото место на Западот, домашните убедливо славеа со 5-1 против Лабуништа. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Цветаноски, Јахја, Османи, Тафе (два гола) и Хајредини, а Спиркоски беше стрелец за Лабуништа.
Последното коло, пак, го означи и последниот патник во третолигашката конкуренција следната сезона а тоа е екипата на Тетекс. „Штофарите“ не успеаја да се спасат откако загубија на гостувањето од Велазерими со 4-1, а Кораби останува и натаму второлигаш откако победи против Скопје со 2-1. Стрелци за Кораби беа Спахију и Муча уште во првиот дел, а за гостите погоди Јовановски.
Со головите на Петковски и Наумоски од пенал, пак, Пелистер триумфираше на гостување против Генч Калемлер.
РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО
Струга ТЛ – Лабуништа 6-1
Генч Калемлер – Пелистер 0-2
Велазерими – Тетекс 4-1
Кораби – Скопје 2-1
Гоблен јуниор – Гостивар (НЕ СЕ ОДИГРА)
- ФК Струга ТЛ од следната сезона ќе игра во Првата лига
- ФК Лабуништа на 2. јуни ќе игра бараж за Прва лига против ФК Тиквеш
- Во Трета лига се селат ФК Тетекс, ФК Генч Калемлер и ФК Гоблен јуниор
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА