Силекс сигурно чекори кон Првата македонска фудбалска лига, откако денеска во 23. коло во Втората фудбалска лига на Македонија – Запад убедливо славеше на домашен терен против Кадино со 5-0.
Домаќините поведоа со голот на Мичковски во 16. минута, а до крајот на првиот дел беше 2-0 со голот на Димоски во 45. мунута. Во вториот дел Петкоски со еден и додевски со два гола ги поставија конечните 5-0.
Воска полека, но сигурно го губи чекорот со Силекс за директна промоција во ПМФЛ, откако денеска на домашен терен ремизираше без голови против Гостивар.
До убедлив триумф стигна и Вардар кој триумфираше со 4-0 во „братското дерби“ против Тетекс. Мишковски, Парталко и Петковски на двапати беа стрелци на погодоците на „црвено-црните“.
Во преостанатите два меча од денешната понуда Кораб – Велешта … и Беса – Охрид….
РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО
СИЛЕКС – КАДИНО 5-0
ВАРДАР – ТЕТЕКС 4-0
ВОСКА – ГОСТИВАР 0-0
КОРАБ – ВЕЛЕШТА 3-1
БЕСА – ОХРИД 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА