Силекс продолжува со максималниот ефект во Втората лига – Запад, запишувајќи убедлива победа од 6-0 против Велешта во 6. коло.
Хет-трик за кратовци постигна Антонио Каланоски, сите три во второто полувреме, а два гола постигна Дуков и еден Спиркоски.
Вардар дојде до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Кадино со три гола во вториот дел. Кристијан Костовски на двапати погоди за црвено-црните, а во 90. минута конечните 0-3 ги постави Петар Љамчевски.
Воска Спорт триумфираше на гостувањето против Беса со голот на Емир Алији во 43. минута од натпреварот.
Тетекс со головите на Давид Спасовски и Димитар Иванов од пенал во 75. минута дојде до триумф од 2-1 против Гостивар во полошката пресметка.
РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО
СИЛЕКС – ВЕЛЕШТА 6-0
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 0-1
КАДИНО – ВАРДАР 0-3
ОХРИД – КОРАБИ 1-2
ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА