Денеска се одиграа четири меча во Втората лига Запад, после кои Силекс дополнително се зацврсти на лидерската позиција со убедливиот триумф од 7:0 над Кадино. Кратовскиот тим на домашен терен немаше милост кон противникот, постигнувајќи седум голови. Стрелци на головите беа Дуков, Каланоски, Танушев, Љамалари, два гола на Митев и на крај погоди и Серафимовски.
Вардар во финишот дојде до победа од 1-0 со Кораби. Голем хендикеп за „црвено-црните“ беше и повредата на Керим во 25. минута кога мораше да ја напушти играта. На негово место влезе Петар Љамчевски кој што ја донесе победата во судиското надополнување.
„Фенерџијата“ Охрид дојде до првиот триумф во сезоната, совладувајќи ја екипата на Беса со 0:2, додека Велешта ја совлада екипата на Тетекс со 2:1. Анруши и Лена беа стрелци на головите, додека за Тетекс погоди Масевски.
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, РЕЗУЛТАТИ:
Воска – Гостивар 0-1
Силекс – Кадино 7-0
Беса – Охрид 0-2
Велешта – Тетекс 2-1
Вардар – Кораби 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА