ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Силекс се извлече против Охрид, победи и на Вардар и на Воска

Силекс стигна до голема победа во трката за враќање во елитата во домашниот шампионат, откако во 21. коло славеше на домашен терен против Охрид со минимални 1-0. Херој за кратовчани беше Танушев кој во 72. минута го постигна победничкиот погодок.

Вардар и Воска Спорт ја продолжуваат трката за второто место во ВМФЛ. Најтрофејниот македонски клуб славеше со 4-0 против Кадино. Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа на двапати Петковски и по еднаш Демир и Величковски.

Со истиот резултат славеше и Воска на домашен терен против Велешта. Домаќините поведоа со автоголот на Анруши, а до крајот стрелаа и Емини, Алији и Фета.

Во преостанатите два натпревари од 21. рунда: Тетекс – Гостивар 2-0 и Беса – Кораб 2-0.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Силекс – Охрид 1-0

Вардар – Кадино    4-0

Воска Спорт – Велешта 4-0

Тетекс – Гостивар   2-0

Беса – Кораб  2-0

Се вчитува...