ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Силекс веќе кон Прва лига, Воска и Вардар ремизираа па останаа на иста дистанца

Силекс веќе е пред промоција во прволигашкото друштво, откако убедливо со 3-0 славеше против Кораби во 18. коло во Втората лига – Исток.

Алију, Танушев и Каланоски беа стрелци за победата на кратовци.

Вардар, пак, ремизираше на гостувањето против Гостивар. Вардар поведе со голот на Мишковски уште во 4. минута, но Стојанче Велинов израмни во 34. минута за конечни 1-1. И Воска спорт ремизираше (1-1) на гостувањето против Тетекс.

Охрид со пресврт дојде до триумф од 2-1 против Велешта. Иако Велешта поведе со голот на Асани во 16. минута, во второто полувреме Охрид дојде до пресврт со головите на Шопоски од пенал во 52. минута и Нически во 57. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО

Силекс – Кораби 3-0

Гостивар – Вардар 1-1

Охрид – Велешта 2-1

Тетекс – Воска спорт 1-1

Кадино – Беса 0-5

Се вчитува...