Скопје обезбеди промоција во Првата фудбалска лига на Македонија, откако во дербито на 25. коло во ВМФЛ славеше на домашен терен над Охрид со 2-0. Стрелци на головите за тимот од Автокоманда беа Христијан Кировски во 27. и Иво Јанакиевски во 64. минута. За издвојување е и црвениот картон на фудбалерот на гостите Дарко Цветаноски во 55. минута.
Во прилог на фудбалерите на Скопје одеше и поразот на Велешта од Гостивар со 0-1. Херој за гостите беше Џемаил Есати во 94. минута.
Во останатите два меча од денешната понуда Велазерими – Дрита 2-1 и Кадино – Кораб 3-0.
Скопје е веќе во Првата фудбалска лига на Македонија, а Велешта, Охрид и Гостивар до самиот крај ќе водат жестока битка за местото кое води во плеј-офот за пласман во ПМФЛ.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (25. коло)
Скопје – Охрид 2-0
Велешта – Гостивар 0-1
Кадино – Кораб 3-0
Велазерими – Дрита 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА