Во последниот натпревар од есенскиот дел во Втората лига – Запад, Скопје славеше на гостувањето против Тетекс со 1-2.
Мечот заостанат од 9. коло во првенството, скопјани го добија благодарение на головите на Филип Јаневски во 44. минута и Теодор Димитровски во 46. минута. Домашните единствениот гол го постигнаа од пенал во 53. минута преку Енис Дервиши.
Олеснителна околност за гостите беше што Тетекс уште од 10. минута играше со фудбалер помалку по директниот црвен картон за Петар Митев.
Скопје, со оваа победа, есенскиот дел го заврши на третото место со 21 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА