ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Спиркоски во 92. минута донесе триумф за Силекс во дербито со Вардар (ФОТО)

Силекс цврсто гази кон враќање во Првата лига откако триумфираше со 1-2 во дерби-пресметката на некогашните шампиони на Македонија во 11. коло од Втората лига – Запад.

Кратовци на теренот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје дојдоа до победата со голот на Благоја Спиркоски во 92. минута.

Претходно, Силекс поведе со голот на Љамалари во 20. минута, но Филип Петров израмни во 27. минута.

Овој пораз на Вардар не го искористи Воска за издвојување бодовно на втората позиција, откако ремизираше 1-1 на гостувањето против Кораби. Изаир Емини во 11. минута ја донесе Воска до предност, но гостите израмнија преку Љаши на стартот од вториот дел.

Гостивар ја победи Велешта со голот на Скендери во 35. минута од натпреварот.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (11. коло)

Вардар – Силекс 1-2

Кораби – Воска 1-1

Охрид – Кадино 3-1

Гостивар – Велешта 1-0

Тетекс – Беса 2-1

Се вчитува...