Водечките три екипи во Втората лига – Запад, Струга Трим Лум, Лабуништа и Гостивар славеа победи во 8. коло од годинашното првенство.
Струга Трим Лум до триумфот од 0-1 на гостувањето против Скопје дојде со погодокот на Александар Василев уште во 13. минута од средбата.
Гостивар со 0-2 триумфираше на гостувањето против Велазерими, со головите на Љавдрим Скендери во 36. минута од средбата и Флорент Османи во 90. минута.
Лабуништа, пак, го совлада Пелистер со 2-1, благодарение на двата гола во првиот дел. Најпрво во 15. минута директно од слободен удар погоди Игор Клечкароски, а во 21. минута Бојан Спиркоски зголеми на 2-0. Единствениот гол за Пелистер го постигна Благоја Наумоски од пенал во 72. минута. Лабуништа последните десет минути ги играше и со фудбалер помалку по исклучувањето во 80. минута на Игор Клечкароски, но гостите не успеаја да го искористат тоа.
РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО
Велазерими – Гостивар 0-2
Лабуништа – Пелистер 2-1
Кораби – Тетекс 2-1
Скопје – Струга ТЛ 0-1
Генч Калемлер – Гоблен јуниор 1-1
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 17 бода, Лабуништа 15, Гостивар 15, Велазерими 12, Скопје 11, Генч Калемлер 11, Гоблен јуниор 11, Кораби 10, Пелистер 5, Тетекс 4 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА