Во последниот натпревар од 10. коло во Втората лига – Запад, Струга Трим Лум денеска на домашен терен ремизираше (1-1) со Гоблен јуниор.
Гостите поведоа со голот на Гентијан Пајазит во 12. минута, а стружани успеаја да дојдат барем до бод благодарение на голот на Александар Василев во 74. минута од средбата.
И по ова реми Струга Трим Лум со 21 бод остана лидер на Западот, но сега само со два бода предност пред Лабуништа.
Standings provided by Sofascore LiveScore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА